Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија годината ја завршува на 65 место на ФИФА листата

Македонија годината ја завршува на 65 место на ФИФА листата

Фудбалската репрезентација на Македонија 2022 година ќе ја заврши на 65-то место на ФИФА ранг листата.

На листата објавена по Мундијалот во Катар, на првото место и понатаму е Бразил, а на второто место е новиот светски шампион Аргентина.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Македонија со вкупно 1355 поени е на 65 позиција, а најдобриот пласман оваа година го имавме во март, кога бевме на 62-то место.

Во првата десетка се уште Франција, Белгија, Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија. Голем скок направи четвртопласираната селекција на СП, Мароко, која е на 11 место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…