Дома Македонски спорт Македонија в сабота ќе има двоен двобој против Италија!

Македонија в сабота ќе има двоен двобој против Италија!

Во сабота Македонија ќе игра два натпревари против Италија и тоа прво осминафиналето на Европското првенство, а потоа и фудбалерите ќе се соочат со Италијанците во квалификациите за ЕП.

Денес беше одреден терминот за одбојкарите кои во сабота од 18:00 часот ќе играат во спортскиот комплекс „Палафлорио“ во Бари.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Македонија групната фаза ја заврши со две победи и четири порази што беше доволно за осминафинале и сега ќе игра против една од најдобрите репрезентации во светот.

Терминот за фудбалерите е од претходно познат и ќе се соочат со Италија од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…