Tимот на Барселона пред стартот на летните подготовки кои се закажани за на 4-ти јули планира да се ослободи од неколку играчи.
Чави Ернандез ќе ја има првата прозивка за девет дена и очекувањата се во овие девет дена барем двајца да си заминат.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Л’Екип“ пренесува дека Самуел Умтити дефинитивно ќе си замине од Барселона и во наредните денови ќе направи трансфер. Умтити донел одлука да си замине после тешките повреди кои го оставија без шанса да се бори за место во тимот на Чави.
Во наредните неколку дена се очекува кокретизирање на статусот и прифаќање на најдобрата понуда. Умтити имаше добар почеток во Барселона, но тогаш дојдоа повредите и работите тргнаа во надолна линија.
Покрај Умтити еден од оние кои сигурно се очекува да замине е Рики Пуч кој самиот донел одлука дека најдобро за неговата кариера е да ја промени средината.