Групната фаза од Лигата на шампионите е зад нас. Познати се сите учесници во осминафиналето, а најмногу, по четири претставници во нокаут фазата ќе имаат германската Бундеслига и англиската Премиер лига.
Германците оваа сезона имаа дури пет екипи во Лигата на шампионите, бидејќи Ајнтрахт Франкфурт како освојувач на Лига Европа си заслужи право на настап во елитата. Тоа го искористија на најдобар можен. Покрај нив истото го направија и Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Лајпциг. Единствено Баер Леверкузен беше неуспешен и заврши на последното место во својата група.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англичаните го потврдија квалитетот. Нивната голема четворка составена од Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи и Тотенхем успеа да се пласира во топ 16.
Така ќе беше и со Италијанците, доколку Јувентус не го расипеше тоа што го направија Наполи, Милан и Интер.
Најдобра нелигашка „петка“ се Португалците, кои имаат двајца претставници во осминафиналето. Тоа се Бенфика и Порто, би можел да им се приклучи и Спортинг, но „лавовите“ ја прокоцкаа можноста во последното коло.
Најголеми губитници во групната фаза се Шпанците. Примера доминираше во европскиот фудбал во последните години, но сега не е така. Во конкуренција остана само европскиот шампион Реал Мадрид. Барселона, Севиља и Атлетико Мадрид не беа конкуренти ниту до последното коло.
Покрај Шпанците, Французите ќе имаат само еден претставник, тоа е секако Пари Сен Жермен, а последна земја со тим во осминафиналето е Белгија и нивниот Клуб Бриж.