Дома Фудбал Останато Луѓето кои работат со Роналдо потпишуваат неверојатни договори за доверба

Луѓето кои работат со Роналдо потпишуваат неверојатни договори за доверба

Еден од најдобрите фудбалери во светот Кристиано Роналдо е познат по тоа што баш и не сака многу да се знае за неговиот приватен живот.

Кристиано Роналдо се најде во центарот на вниманието откако во јавноста се појавија информации за договорите кои тој ги потпишува со луѓето кои работат за него. Навистина не е лесно да се дојде до тоа да бидете дел од приватниот живот на Роналдо, а за тоа сведочи и едно откритие на човек на кого му успеало тоа.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Германски „Шпигл“ објави интересна приказна за Роналдо, односно за луѓето кои работат за Португалецот. Еден од нив за кој се наведува дека повеќе не работи за Португалецот открил на каков договор морале да се согласат.

Имено, според неговата изјава една од ставките во договорот кој го потпишуваат со Португалецот е дека не смеат да откриваат ништо за неговиот приватен живот се додека не поминат 70 години од неговата смрт (на Роналдо).

Човекот кој сакал да остане анонимен го одржувал базенот во домот на Роналдо, а истиот ја испочитувал и споменатата ставка со тоа што не открил ништо повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул и Арсенал се во најдобра позиција за Хаусен

Ливерпул и Арсенал се клубовите кои во моментов изгледаат како големи фаворити за привлеку…