Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ нема да остане во Ајнтрахт.
Јовиќ во овој момент е позајмен во германскиот бундеслигаш, но има договор со Реал и тој самиот смета дека на крајот од сезоната ќе се врати во Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Го сакам Ајнтрахт и тој клуб за мене е посебен во секој поглед, но сите знаат дека јас официјално сум играч на Реал. Се враќам во Мадрид на крајот од сезоната“, изјави Јовиќ за „Билд“.
Во Реал Јовиќ пристигна во 2019 година, но не се снајде најдобро, постигна само два гола и поради тоа беше испратен на поозајмица.
За Ајнтрахт одигра 12 натпревари, постигна три гола и запиша една асистенција.