Дома Фудбал Останато Лукаку лут поради својата оценка на ФИФА: Какво е ова сра*е!?

Лукаку лут поради својата оценка на ФИФА: Какво е ова сра*е!?

На 6. октомври „ЕА Спортс“ ќе ја објави новата ФИФА 21, а овие денови се објавуваа и оценките на некои играчи во играта.

Најдобра оценка во новата сезона ќе има Лионел Меси (93), зад него ќе биде Роналдо со 92. Потоа со по 91 следат Левандовски, Де Брујн, Нејмар и Облак.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оценките на играчите на ФИФА се честа тема на друштвените мрежи, а Ромелу Лукаку е изненаден од својата оценка. Лукаку на ФИФА 20 имаше оценка 86, додека во новата верзија ќе биде оценет со 85. Ова навистина не изгледа логично затоа што Лукаку имаше многу подобро сезона и постигна 23 гола на 36 настапи во Серија А.

„Какво е ова сра*е!? Ја мислам дека ФИФА дава такви оценки за ние да ги коментираме на друштвени мрежи и да го креваме публицитетот на играта. Јас многу добро знам колку сум добар и колку вредам“, порача Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…