Дома Фудбал Италија Лукаку: Конте пред сите ми кажа дека сум ѓубре

Лукаку: Конте пред сите ми кажа дека сум ѓубре

Фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку истакна дека Антонио Конте го мотивира секогаш да го дава најдоброто од себе.

Белгиецот во летниот преоден рок пристигна во Интер од Манчестер Јунајтед и од тогаш е еден од најдобрите напаѓачи во Серија А. После лошиот период помеѓу „црвените ѓаволи“ 26 годишниот фудбалер оваа сезона на 26 натпревари за Интер постигна 18 голови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лукаку истакна дека најголемо внимание на него имал тренерот Антонио Конте.

„Беше тоа еден од првите натпревари во Лигата на шампионите. Игравме против Славија Прага, бев многу лош. Пред сите останати играчи ми кажа дека сум ѓубре. Ми кажа дека ќе ме замени после пет минути во второто полувреме ако продолжам да играм лошо. Следниот натпревар игравме против Милан и тоа беше еден од моите најдобри натпревари. Ме разбури, тоа може да го направи со било кој играч. Конте е тренер кој во лице ќе ви каже дали сте добри или лоши“, изјави Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…