Кога Интер во финишот од преодниот рок плати 80 милиони евра за Ромелу Лукаку многумина се сомневаа во таквата одлука на италијанскиот клуб, меѓутоа има одличен старт.
Белгискиот напаѓач од почетокот на сезоната постигна пет голови за Интер и покажа дека ќе биде големо засилување за Антонио Конте. Лукаку постигна голови против Лече, Каљари, Милан и два против Сасуоло.
4 – Before Romelu #Lukaku, the last Inter player to score four o more goals in his first four away Serie A games for the Nerazzurri has been Diego Milito, in November 2009. Impact.#SassuoloInter pic.twitter.com/ERCIF3zoyf
— OptaPaolo (@OptaPaolo) October 20, 2019
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лукаку успеа да биде стрелец во првите четири гостински натпревари. Последен на кој му успеало такво нешто во Интер е Диего Милито. Милито до ваков учинок стигна во 2009 година.
Аргентинскиот напаѓач навивачите на Интер го паметат по сезоната 2009/2010 кога во освојувањето на тројната круна постигна 30 голови. Милито во таа сезона постигна два гола и во финалето и беше еден од најзаслужните што Интер предводен од Мурињо стигна до „триплета“.