Британскиот возач во болидот на Мерцедес Луис Хамилтон е ново/стар шампион на светот.
Хамилтон денес на трката за Големата Награда на Мексико ја освои четвртата позиција што му беше доволно да ја одбрани титулата шампион на светот. Ова за него е петта титула во кариерата претходно најдобар беше во 2008, 2014, 2015 и 2017.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Единствениот возач кој имаше какви-такви шанси да се бори против Хамилтон, Себастијан Фетел денес заврши на втората позиција, но тоа не е толку важно зошто Хамилтон ја обезбеди титулата.
Иначе во трката победи Макс Верстапен, а зад него цело време беше неговиот тимски колега, Даниел Рикардо кој сепак мораше да се откаже на десетина кругови пред крајот поради проблеми со болидот, па на победничкиот пиедестал место добија Фетел и Раиконен.
Хамилтон сега има 346 бодови, 70 повеќе од второполасрианиот Фетел. Трет во генералниот пласман е Раиконен со 221 бод, четврти е Валтери Ботас.