Дома Фудбал Останато Луис Суарез го раскинува договорот и става крај на кариерата?

Луис Суарез го раскинува договорот и става крај на кариерата?

Луис Суарез би можел да замине во фудбалска пензија, пренесуваат бразилските медиуми, наводно Уругваецот веќе го известил раководството на Гремио.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Суарез има договор на уште една сезона, но причината поради која предвреме се одлучува за крај е повредата на десното колено која му прави проблеми во играта. Суарез во Гремио дојде пред шест месеци и потпиша до крајот на 2024 година. Во клубот работат на негов раскин на договорот, но со клазула за казна ако се реактивира во некој друг клуб.

Претходно се шпекулираше дека може да се пресели во Интер Мајами за повторно да заигра со Меси, како некогаш во Барселона.

За Гремио Суарез одигра 25 натпревари, постигна 11 и асистираше за осум голови. Во кариерата настапуваше уште за Национал, Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.

Од трофеите во Европа петпати беше шампион на Шпанија, а еднаш ја освои Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…