Дома Останати Лудиот Ирец од борбата со Кабиб очекува поголема заработка од „борбата на векот“!

Лудиот Ирец од борбата со Кабиб очекува поголема заработка од „борбата на векот“!

conor

Конор Мекгрегор доколку го победи Кабиб Нурмагомедов во мечот за титулата во УФЦ во лесна категорија би можело значително да си го зголеми и онака големото богатство.

Во времето на интернет и платената телевизија, хорнорарите на спортистите, во овој случај борците не се однапред познати.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Ирецот Конор Мекгрегор во понеделник би можел да стане побогат за околу 100 милиони долари. Ирскиот фајтер минатата година за борбата, да не кажеме циркусот против Флојде Мејведер заработи околу 75 милиони долари, но сега пикира и поголема сума после судирот со Кабиб Нурмагомедов.

Очекувањата се борбата да ја следат неколку милиони гледачи кој ќе платат директен пренеос, па поради тоа Мекгрегор би можел да смета на огромна сума. Неговиот противник иако актуелен шампион во УФЦ во лесна категорија не може да смета веројатно ниту на половина од суматан а својот противник.

Причини има многу, но пред се тука е популарноста на Мекгрегор, да не влегуваме во деталите. Ирецот е убедливо најисплатлив (ако може така да се каже) борец во историјата на УФЦ и како такков е пеколно скап.

Да потсетиме борбата ќе се одржи во Лас Вегас во раните утрински часови (околу 5 часот) во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Најдобрата скијачка на светот беше оперирана откако падна и ја скрши ногата

Италијанката Федерика Брињоне (34) беше оперирана во Милано откако ја скрши ногата при пад…