На „Старата дама“ во Грција и е потребна победа за да биде сигурна во нокаут фазата од најелитното европско клупско натпреварување.
Јувентус може да киксира против Олимпијакос, но во случај Барселона на свој терен да го совлада Спортинг ќе им „дише во врат“ на избраниците на Масимилијано Алегри.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тренерот на Јувентус пред вечерашниот меч истакна дека има доста проблеми со повредените играчи по дербито против Наполи. Алегри откри дека на утрешниот меч под знак прашалник е Миралем Пјаниќ и Џанлуиџи Буфон поради полесни повреди.
„Манџукуќ е подготвен да игра како и Игуаин. Сепак, имаме двајца кои се под знак прашалник дали ќе бидат подготвени, а тоа се Пјаниќ и Буфон. Двајцата имаат полесни повреди и утре ќе донесеме одлука дали тие ќе играат. Не сакам да ризикувам бидејќи не очекуваат важни натпревари“, истакна Алегри.