Дома Фудбал Италија Лоши вести за Јувентус пред реваншот со Милан

Лоши вести за Јувентус пред реваншот со Милан

Гонзало Игуаин предвреме го заврши денешниот тренинг на Јувентус и е под знак прашалник за дуелот против Милан во рамки од Купот на Италија.

Првите прегледи покажаа дека не станува збор за повреда која може да го тргне од терените подолг период, меѓутоа постои голем ризик за Игуаин да го пропушти реваншот против Милан во полуфиналето од Купот на 12-ти јуни.

Од тимот на „старата дама“ потврдија дека се работи за повреда на десниот бутен мускул, но за среќа повредата не е од посериозен карактер.

Игуаин би можел да го пропушти и евентуалното финале на Купот кое на програмата е на 17-ти јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Родри: „Дебито со нов тим е секогаш посебно, мора да го вратам натпреварувачкиот ритам“

Родри е задоволен од своето деби со новиот тим и истакна дека настапот му бил важен за пов…