Дома Фудбал Англија Лоши вести за Ливерпул: Астон Вила има добра причина да изгуби од Манчестер Сити

Лоши вести за Ливерпул: Астон Вила има добра причина да изгуби од Манчестер Сити

Титулата во Премиер лигата ќе се решава во последното коло, а во игра се Манчестер Сити и Ливерпул. „Граѓаните“ се во пол-позиција затоа што сами си одлучуваат за својата судбина.

Сити во одлучувачкиот натпревар ќе биде домаќин на Астон Вила додека Ливерпул ќе го пречека Вулверхемпотон и јасно е дека се големи фаворити за шампионскиот пехар. Навивачите на Ливерпул се надеваат на голема помош од својата играчка легенда Стивен Џерард и веруваат дека може да ја запре машинеријата на Пеп Гвардиола.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сепак во медиумите на Островот се појави една интересна теорија и тоа поради клазулата во договорот на Џек Грилиш кој минатото лето од Астон Вила премина во Сити.

Имено, во случај Сити да стане шампион на Англија Астон Вила ќе добие дополнителни 15 милиони фунти како бонус. Ќе потсетиме, овој 26-годишник минатото лето на „Итихад“ пристигна во трансфер вреден 105 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…