Дома Фудбал Италија Лоши вести за Интер: Брозовиќ позитивен на Ковид

Лоши вести за Интер: Брозовиќ позитивен на Ковид

Фудбалската федерација на Хрватска потврди дека Марцело Брозовиќ и уште еден член на стручниот штаб на репрезентацијата се позитивни на коронавирус.

„Резултатите од тестирањето донесоа два позитивни резултати, на репрезентативецот Марсело Брозовиќ и на еден член на стручниот штаб. Двајцата веднаш се изолирани од останатите членови на репрезентацијата“, објави Федерацијата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Пред неколку дена беше објавено дека Домогој Вида играл заразен на мечот против Турција, па беше за очекување дека ќе има и други позитивни на коронавирус.

Ова е лоша вест за Интер, бидејќи Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на „нероаѕурите“ и нема да можат да сметаат на него во наредниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид веќе има фаворит за наследник на Арбелоа – легендарниот Французин!

Јасно е дека Алваро Арбелоа повеќе нема да го води Реал Мадрид, а нов тренер на кралскиот …