Дома Фудбал Италија Лотито ќе мора да ја продаде Салернитана за клубот да игра во Серија А

Лотито ќе мора да ја продаде Салернитана за клубот да игра во Серија А

Вчера беа одиграни и последните натпревари во италијанската Серија Б.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Директен пласман во Серија обезбедија Емполи и Салернитана. Екипата на Салернитана после 23 години се враќа во друштвото на најдобрите во Италија.

Но, со овој тим постои еден проблем. Имено, во наредните денови клупското раководството ќе мора да најде начин да го продаде клубот. На чело на Салернитана е Клаудио Лотито, а добро познато е дека еден сопственик не може да има два клуба во исто натпреварување за да не дојде до конфликт на интереси.

Останува да видиме како клубот во наредниот период ќе ги реши ваквиот проблем. Инаку за дополнително место во Серија А преку плеј-офот ќе се борат Лече, Венеција, Цитадела, Бреша, Киево и амбициозната Монца на Берлускони и Галијани каде што од наредната сезона ќе игра Лука Станковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Покетино пред БиХ: Ова за нас е финале, шутиравме и пенали

Вечерва, пред натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Соединетите Америк…