Дома Фудбал Лопетеги го штити скапа клаузула, на Реал не му се исплаќа да го отпушти

Лопетеги го штити скапа клаузула, на Реал не му се исплаќа да го отпушти

Јулен Лопетеги беше на чекор од отказ во Реал Мадрид и доколку „кралевите“ синоќа не победеа во ЛШ сигурно ќе беше отпуштен.

Сега шпанските медиуми тврдат дека клучен за неговата иднина ќе биде дуелот против Барселона, но Реал треба два пати да размисли пред да му врачи отказ.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Имено, во договорот на шпанскиот стратег има откупна клаузула, па во случај на отказ Реал ќе треба да му исплати отштета од 18 милиони евра, бидејќи Лопетеги има договор до 2021 година.

Во меѓувреме од кралскиот клуб потврдија дека местото на Лопетеги е сигурно и дека ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“.

„Лопетеги ќе седи на клупата во „Ел Класико“. Во вакви ситуации најважно е да се остане смирен и да им се верува на играчите. Неделниот натпревар е голем мотив за нас“, изјави Бутрагењо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навреди кон Фоден, Пеп вели – недостаток на класа, тоа не е Јунајтед

Дербито на Манчестер не го одбележаа ниту добри шанси ниту убав фудбал. Голови немаше, но …