Дома Фудбал Останато Лопез изјави дека му простил на Икарди па доби одговор од Ванда (ФОТО)

Лопез изјави дека му простил на Икарди па доби одговор од Ванда (ФОТО)

Макси Лопез неодамна во изјава за медиумите порача дека му простил на сонародникот Мауро Икарди што завршил со неговата поранешна сопруга Ванда Нара.

Пред шест години Ванда го остави Лопез и започна врска со Мауро со кого е во брак од 2014 година.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


И покрај се што се случи Лопез јавно му прости на Икарди.

„Му простив на Икарди и повеќе немам проблем со него. Целта ми е да децата да бидат среќни и тоа е се. Се остана во минатото. Јас свртев нова страница во живтот“, изјави Лопез.

Таа негова изјава стигна и до Ванда која се одлучи преку Инстаграм да му одговори.

„Почитувањето е како пари. Можеш да молиш за него, но подобро е да го заслужиш“, напиша Ванда.

Ванда и Лопез имаат три сина – Валентина (10), Константина (8) и Бенедикт (7).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужија: Одбојкарите за пласманот на Европското првенство ќе бидат наградени со богата премија!

Македонските одбојкари вчера испишаа нова страница во спортската историја – со триумфот пр…