Дома Фудбал Англија Ловрен вчера имаше натпревар за заборав, а со овој потег посебно го налути Ван Дијк (ВИДЕО)

Ловрен вчера имаше натпревар за заборав, а со овој потег посебно го налути Ван Дијк (ВИДЕО)

Дејан Ловрен немаше натпревар за паметење во дербито помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул (2:1).

Хрватот грешеше во одбраната, а во последните секунди го упропасти последниот напад на својот тим.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во последните моменти, додека Ливерпул „бркаше“ погодок со кој би останал на седум бодови предност, Ловрен ја упропасти акцијата. Се играше 94-тата минута, хрватскиот дефанзивец ја имаше топката на средината од теренот, но одлучи да испрати висока топка на 16 метри и така пропадна шансата на „црвените“.

Партнерот од одбраната на Ловрен, Вирџил Ван Дијк поради таквиот потег се налути на својот соиграч бидејќи неколку секунди претходно довикуваше до Ловрен да го проигра соиграчот кој е во подобра позиција.

Камерманите ја уловија и реакцијата на Клоп на овој потег на Ловрен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …