Дома Фудбал Останато Липи на Фергусон му однел чоколади за внуците, а Ферги сам си ги изел

Липи на Фергусон му однел чоколади за внуците, а Ферги сам си ги изел

Сер Алекс Фергусон и Марчело Липи без сомневање се едни од најдобрите стратези во историјата на фудбалот.

Сега Липи зборуваше за односот со Ферги кога тој бил тренер на Јувентус.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Како што откри Липи во интервјуто за „Дејли Мејл“ тој и Фергусон си разменувале разни подароци. Липи на два пати во својата кариера го водеше Јувентус, додека Ферги испишуваше историја со Манчестер Јунајтед.

„Со Фергусон имавме братски однос. Често пати си разменувавме подароци. Во една прилика му однесов торински чоколади за неговите внуци, но тој самиот ги изеде. Му испраќав италијански вина, посебно од Тоскана. Тој мене сакаше да ми праќа руски „бабушки“ во кои имаше стари вина. Не бевме блиску, но имавме фантастичен однос“, откри Липи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѕвезда на Реал Мадрид преминува во Манчестер Сити за 100 милиони

Се чини дека на Пеп Гвардиола ќе му се исполни желбата и дека ќе доведе играч на Реал Мадр…