Во дербито од 12-то коло на француската Лига 1, Лион запиша уште една победа понижувајќи го Сент Етјен на гости со резултат од 5:0, а средбата беше прекината во 85-та минута.
Првите два погодоци Лион ги постигна после молњевити контранапади. Депај уште во 10-та минута донесе резултатска предност за Лион, а веќе во 25-та минута на семафорот стоеше 0:2, после погодокот на Фекир.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во 47-та минута домашниот играч Лакроа направи глупост преостро фаулирајќи го Фекир, поради што Турпин му покажа црвен картон и го прати во соблекувалната.
На Лион не му беше тешко да ја сочува резултатската предност со играч повеќе, а до крајот на средбата во листата на стрелци се запишаа и Диаз и Траоре.
Диаз во 58-ма минута без проблем ја смести топката во празната мрежа после одлична асистенција на Тете, а Траоре беше прецизен во 65-та минута.
Кога Фекир го постигна и својот втор погодок во 85-та минута, го соблече дресот и почна да ги провоцира домашните навивачи.
CRS game ?⚽️?? … débordement et tension après le chambrage de @NabilFekir !! #ASSEOL #Derby @ASSEofficiel @OL #ASSE #Fekir #Lyon pic.twitter.com/1kZCHu0G8X
— Mickaël Pereira (@mickap33) November 5, 2017
Изреволтирани, навивачите од Сент Етјен втрчаа на теренот, пасудијата Турпин ја прекина средбата. Речиси е сигурно дека дуелот ќе биде регистриран со резултат од 5:0 во корист на Лион.