Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туен Копмајнерс.
25-годишниот Холанѓанец се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па и самиот сака да направи чекор напред во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Компајнерс одигра одлично на дуелот со Ливерпул во Лига Европа, па „црвените“ останале импресионирани и сакаат да ја победат конкуренцијата за неговиот потпис.
Интерес за Копмајнерс покажува и Јувентус, но Ливерпул е спремен да понуди повеќе и да ја добие битката за потписот.
Самиот играч сака да ја промени средината и да направи чекор напред во кариерата, а Аталанта е свесна дека нема да може да го задржи но за неговата слобода бара најмалку 60 милиони евра.