Лазар Самарџиќ како што стојат работите сепак ќе игра во Ломбардија, но нема да биде тоа ниту во Интер, ниту во Милан.
Минатото лето тој беше на чекор од Интер, потоа кокетираше со Милан, а на крајот дојде понуда од Аталанта.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Освојувачот на Лига Европа го контактираше и спремни да платат оштета од 25 милиони евра, но и провизија за српскиот фудбалер да се пресел иво Бергамо.
Аталанта има пари и како што стојат работите ќе го продаде Копмајнерс на Јувентус за сума од околу 60 милиони евра. Тоа е сума која Аталанта ја бараше и изгледа дека сега нема пречки Холанѓанецот да се пресели во Торино.
Покрај трансферите во Интер и Милан на Самарџиќ му пропадна и трансфер во Наполи, а како најголем виновник беше неговиот татко кој се грижеше за неговата кариера. Сепак, во меѓувреме Самарџиќ одлучи да ангажира професионален фудбалски агент, па ќе видиме дали тоа ќе значи и негов трансфер.