Јувентус вчера го потврди трансферот на Холанѓанецот Копмајнерс, а Аталанта од неговото заминување ќе добие 51.3 милион евра оштета исплатена во три рати. Вклучени се и бонуси од седум милиони евра.
Но, од трансферот на Копмајнерс ќе заработи и АЗ Алкмар. Холандскиот клуб при продажбата на Копмајнерс додал клазула според која му следува од 10 до 20% од профитот од следниот трансфер на фудбалерот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аталанта плати 14 милиони евра за неговите услуги, па така АЗ Алкмар според пресметките треба да добие помеѓу 3.7 и 7.5 милиони евра.
Исто така бидејќи Копмајнерс е продукт на школата на АЗ Алкмар клубот ќе добие и 5% од трансферот наменет за солидарни исплати. Во овој случај тоа е 2.5 милиони евра. Кога се ќе се собера АЗ Алкмар од Јувентус ќе добие нешто помеѓу 6.25 и 10 милиони евра.