Дома Топ вести Ливерпул ја купува новата аргентинска ѕвезда

Ливерпул ја купува новата аргентинска ѕвезда

Ливерпул е во потрага по квалитетен играч за врска, а најновоти име на списокот на „црвените“ е Енцо Фернандез од Бенфика.

Клоп сака да го засили средниот ред, каде нема многу алтернативи, па во јануари ќе се насочи кон ѕвездата на Бенфика.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


21-годишниот Аргентинец ова лето пристигна во Бенфика од Ривер Плата, а со одличните настапи веднаш ја покажа својата класа.

Фернандез важи за еден од најголемите аргентински таленти, а Клоп сака да го донесе на „Енфилд“ во јануари.

Сепак, Бефика нема лесно да се откаже од него и за неговата слобода бара 40 милиони евра, иако пред два месеци за него плати само 10 милиони евра.

Ливерпул сака што побрзо да го договори трансферот бидејќи на Мундијалот цената на плејмејкерот може додатно да порасне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…