Дома Топ вести Ливерпул тргнува по ѕвездата на Ватфорд

Ливерпул тргнува по ѕвездата на Ватфорд

Младиот сенегалски напаѓал Исмаил Сар игра солидна прва сезона во Премиер лигата во дресот на Ватфорд.

Засилувањето од Рен за 30 милиони евра имаше лош почеток на сезоната, но во последно почна да ги оправдува вложените средства.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


22-годишниот Сар е трансфер желба на Ливерпул, кој веќе стапил во контакт со неговиот менаџер.

Клоп сака да го засили нападот и во Сар гледа идеално засилување бидејќи може да игра на повеќе позиции во нападот. Притоа, Сар е голем пријател со Мане и одлично функционираат заедно во репрезентацијата.

Ватфорд на едно коло пред крајот се бори за опстанок и доколку испадне во Чемпионшип целата на Сар многу ќе падне, па „црвените“ сакаат да ја искористат таквата ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…