Ливерпул во последните денови од трансфер пазарот подготвува понуда за играчот за врска на Брајтон, Моисес Каиседо.
Според медиумите „црвените“ ќе понудат 42 милиони фунти, но тешко дека Брајтон ќе ја прифати понудата бидејќи нема време да најде адекватна замена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јирген Клоп има малку алтернативи во средниот ред и сака да донесе квалитетен играч за врска, бидејќи во моментов има многу повредени фудбалери.
Другата опција која ја разгледува Ливерпул е плејмејкерот на Шефилд Јунајтед, Сандер Берге, чија цена во моментов изнесува околу 25 милиони фунти.
Каиседо минатата година пристигна во Брајтон за 5 милиони евра и веднаш се етаблираше во Премиер лигата, па го привлече вниманието на многу европски клубови.