Монако ја постави цената за играчот за врска и француски репрезентативец Орелиан Чаумени, пренесуваат француските медиуми.




Клубот од „кнежевството“ за 21-годишниот Чуамени бара 50 милиони евра, сума која се спремни да ја платат неколку европски гиганти.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Чуамени минатата сезона се наметна во тимот на Монако, а оваа сезона игра одлично и веќе е стандарден за француската репрезентација.




Ливерпул сака да го донесе Французинот уште во јануари и е спремен да ја победи конкуренцијата.
Клоп сака да го засили средниот ред и верува дека Чуамени ќе му даде повеќе цврстина на тимот.