Марсело Брозовиќ игра фантастично оваа сезона и е еден од најзаслужните за добрите резултати на Интер.
Неговите одлични игри за „нероаѕурите“ не останаа незабележани од европските гиганти кои покажуваат сериозен интерес за Хрватот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Италијанските медиуми пренесуваат дека скаути на Ливерпул веќе подолго време го следат плејмејкерот, па „црвените“ се спремни наскоро да испратат понуда.
Марсело Брозовиќ има 27 години, а неговата откупна клаузула е 60 милиони евра, нешто што наводно Ливерпул е подготвен да го плати.
Клоп е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе биде замена за Наби Кеита и верува дека Хрватот ќе биде идеално решение.