Ливерпул изненадувачки се вклучи во трката за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесуваат.




Откако Манчестер Јунајтед и Челзи не успеаја во обидите да го ангажираат Холанѓанецот, „цените“ сега подготвуваат изненадувачка понуда за него.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Барселона поради финансиски проблеми во текот на целото лето се обидува да го продаде 24-годишниот плејмејкер ова лето доколку пристигне понуда од 75 милиони евра.




Ливерпул очајно ја отвори сезоната, а Клоп има големи проблеми во средниот ред со повредени фудбалери и нема адекватни алтернативи.




„Црвените“ ќе се обидат до крајот на преодниот рок да доведат засилување во средниот ред, и се спремни да понудат 63 милиони евра плус 8 милиони како бонуси за Де Јонг.




Тоа е приближно сумата која Барселона ја бара за неговата слобода, па останува да видиме дали Холанѓанецот ќе прифати трансфер.