Раководството на Ливерпул започнало преговори со Ватфорд за трансфер на Исмаил Сар, пренесуваат медиумите на Островот.
„Дејли Мејл“ пренесува дека „црвените“ се уште не испратиле официјална понуда, но се сериозно заинтересирани за 22-годишниот крилен фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клоп сака да има повеќе алтернативи на крилните позиции, Ливерпул ќе се обиде да го донесе Осман Дембеле на позајмица, но тој трансфер е скоро невозможен.
Многу поверојатен е трансферот на Сар, кој пристигна во Ватфорд минатата година за 30 милиони фунти. Иако клубот испадна од Премиер лигата сега за неговата слобода бара 36 милиони фунти.
Манчестер Јунајтед исто така е заинтересиран за Сар, доколку не успее да го договори трансферот на Санчо.