Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни пет натпревари.
Денвер одлично ја отвори сезоната и во првите 10 натпревари стигнаа до девет победи, но поради долгата сезона, формата на сите клубови е променлива. Сега нанижаа три порази, последниот беше од Милвоки со 121:114.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Милвоки заедно со Денвер се најпријатните изненадувања, ова им беше 10-та победа во 13-тиот натпревар и се наоѓаат на втората позиција на истокот. Брук Лопез беше најдобар во победничкиот тим. Постигна 28 поени, погоди и осум тројки со што си постави рекорд во кариерата.
Во редовите на Денвер најрасположен беше Милисап со 25 поени, шест асистенции и осум скокови. Никола Јокиќ повторно имаше солиден настап со 20 постигнати поени и по шест асистенции и скокови.
https://www.youtube.com/watch?v=Mem1_WQ94mo
Лос Анџелес Лејкерси одиграа уште еден напнат натпревар, овој пат против Атланта, но за промена сега драмата имаше среќен крај за нив. Победија благодарение на блокадата на Тајсон Чендлер при обидот за положување на Трае Јанг во последната секунда.
Најдобар кај Лејкерси беше Леброн Џејмс. Запиша 26 поени, додаде седум скокови и четири асистенции. Лејкерси сега за прв пат оваа сезона имаат повеќе победи отколку порази. Во овој момент се на скор 7:6 и се наоѓаат на осмата позиција.
НБА резултати:
Хјустон – Индијана 115:103
Њујорк Никси – Орландо 89:115
Денвер – Милвоки 114:121
Портланд – Бостон 100:94
Лејкерси – Атланта 107:106