Дома Останати Кошарка НБА Лејкерси до прва победа во сезоната, Вориорси „три од три“, нов пораз за Бруклин

Лејкерси до прва победа во сезоната, Вориорси „три од три“, нов пораз за Бруклин

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни шест натпревари, а ја видовме и првата победа на Лос Анџелес Лејкерси.

Тимот на Лејкерси успеа од почетокот на сезоната во третиот натпревар да дојде до првата победа. Во „Стејплс Центарот“ победен беше Мемфис со 121:118. Одличен во редовите на домашните беше Кармело Ентони кој постигна 28 поени. Ентони Дејвис уфрли 22 поени додека Леброн броеше до 19.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Вориорси играат одлично на стартот и стигнаа и до третата победа во исто толку натпревари. Сега беа подобри од Сакраменто Кингс со 119:107. Стеф Кари го предводеше својот тим со 27 поени и 10 асистенции. Треба да се истакна дека Кари овој меч ќе го памети затоа што стана првиот играч во историјата на Голден Стејт со 5.000 асистенции.

Бруклин важи за еден од фаворитите за шампионскиот престен меѓутоа веќе го запишаа вториот пораз во сезоната откако против нив славеше тимот на Шарлот Хорнетс 95:111. За Бруклин не беа доволни ниту 38 поени на Кевин Дурант, кој додаде уште пет скока ии три асистенции. Во редовите на победничкиот тим најефикасен беше Милс Бриџис со 32 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Бруклин – Шарлот 95:111, Хјустон –  Бостон 97:107, Њујорк –  Орландо 104:110, Оклахома –  Филаделфија  103:115, Сакраменто – Голден Стејт 107:119, ЛА Лејкерс – Мемфис  121:118

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Тоа што и се случи на Србија не се случило на никоја друга репрезентација на ЕП

Репрезентацијата на Србија вчера беше елиминирана од Европското првенство откако со ремито…