Битолски Пелистер денес е далеку од најдобрите денови кога овој клуб се бореше за титули во Македонија и редовно играше летни квалификации.
Се сеќавате ли кога Пелистер играше двомеч против Апоел во УЕФА Купот, денешната Лига Европа?
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа беше летото 2008
Во првиот натпревар Пелистер беше домаќин на Кипарците. Во тој тим на Пелистер играа и неколку имиња кои денес се добро познати на македонската јавност. На почетокот од неговата кариера тогаш беше денешниот репрезентативец, Стефан Спировски. Дејан Блажевски кој подоцна и со Вардар играше против Апоел го предводеше нападот, а во одбраната на Битолчани играше и Кире Ристевски…
Тогашниот тренер на Пелистер Неѓат Хусен се реши за следните 11:
ГОЛМАН: Трајче Николов
ОДБРАНА: Кире Ристевски, Методија Степановски, Гоце Тодоровски, Миле Петковски, Миле Димов
СРЕДЕН РЕД: Адријано Миранда, Бруно Пресилински
НАПАД: Благојче Главевски, Жуниор, Дејан Блажевски
Од клупата настапија: Игор Момировски, Стефан Спировски, Зоран Симовски
Тој натпревар заврши без победник 0:0
Тоа беше резултатот кој на Битолчани им даваше право за надеж во реваншот, меѓутоа на гости загубија минимално со 1:0. Пелистер настапи во скоро ист состав само на местото на Благојче Главевски започна Зоран Симоновски.
Секако е добро и за македонскиот фудбал повторно да гледаме еден посилен Пелистер и се надеваме дека тоа ќе се случи, во овој момент Пелистер е лидер на западната табела во втората лига.