Дома Топ вести Летната распродажба во Реал треба да донесе 180 милиони

Летната распродажба во Реал треба да донесе 180 милиони

Актуелниот шпански шампион Реал Мадрид ова лето планира да се ослободи од неколку фудбалери, кои не влегуваат повеќе во плановите на Зинедин Зидан.

„Марка“ открива дека целта на раководството е од продажба на тите фудбалери да добие 180 милиони евра.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Реал веќе доби 43 милиони евра од трансферот на Хакими во Интер. Од „Сантиаго Бернабеу“ се спремни да се разделат со Хамес Родригез и Герет Бејл, а на трансфер листата се Оскар Родригез, Себаљос, Маријано Дијаз, Брахим Дијаз, Регилон, Мартин Одегард, Лукас Васкез, Начо и Даниел Гомес.

Реал Мадрид донесе одлука да не го продава Лука Јовиќ кој минатото лето беше донесен за 60 милиони евра од Ајнтрахт. Тренерот и раководството се спремни да му дадат уште една шанса на напаѓачот.

„Марка“ тврди дека и планот да биде исполнет, сепак Реал не планира големи трансфери ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…