Aргентинската ѕвезда Лионел Меси поминува низ тежок период во кариерата.
Искусниот напаѓач во ПСЖ пристигна како големо засилување, но неговите настапи во Париз се разочарување. Аргентинецот воопшто не прави разлика на теренот. Незадоволството навивачите на ПСЖ го покажаа на претходниот натпревар во Лига 1 кога испрарќаа свирежи од трибините.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се шпекулираше дури и дека Меси не е среќен и сака да се врати во Барселона, но изгледа дека тие свирежи само уште повеќе го мотивирале Аргентинецот.
Францускиот „РМЦ“ тврди дека Лео веќе донел одлука и наредната сеозна да го носи дресот на ПСЖ и ќе се обиде да го одведе Парижаните до толку посакуваната титула во ЛШ.
„Лео е роден победник и ќе направи се свирежите да ги претвори во аплаузи“, тврдат извори блиски до Меси за француските медиуми.
Меси сезонава во дресот на ПСЖ одигра 26 натпревари во сите натпреварувања и има учинок од седум голови и 11 асистенции.