Вечерва на натпреварот помеѓу Лацио и Стеауа ќе има повеќе скаути отколку навивачи, се шегуваат медиумите во Италија.
Секако, во центарот на вниманието е Сергеј Милинковиќ Савиќ или „господин 100 милиони“ како што гласи неговиот прекар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лацио во понеделникот со победата над Верона го прескокна Интер на четвртата позиција, доколку успеат да се задржат тука, Савиќ можеби и ќе остане.
„Одбив 70 милиони евра за него“, повторуваше Лотито додека за овој фудбалер интерес покажаа Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и Јувентус.
Но, Савиќ го следат многу повеќе клубови, а легендарниот Бразилец, Леонардо, нема дилеми кој би бил првото засилување.
„Немам дилеми, тоа би ми било првото засилување“, изјави Бразилецот.
Леонардо и понатаму има големо значење во Париз каде што работеше како спортски директор, токму тој ја започна револуцијата со доведувањето на Тиаго Силва, Ибрахимовиќ, Верати и тренерот Анчелоти.
Сега, дали ова е порака дека ПСЖ ќе се обиде да го доведе Сергеј, останува да чекаме до летото.