Дома Останати Кошарка НБА Лекција за Дончиќ и Далас, Леброн ја доби пресметката со Јокиќ 🎥

Лекција за Дончиќ и Далас, Леброн ја доби пресметката со Јокиќ 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни пет натпревар.

Тежок пораз доживеа Далас на гости кај Голден Стејт со резултат 147:116. Исцрпените Мавси беа разбиение од поранешните НБА шампиони кои ги предводеше Оубр со 40 поени, додека Стеф Кари уфрли 28 и подели шест асистенции. За Оубр тоа беше рекорд на кариерата и докажа дека може достојно да го замени повредениот Клеј Томпсон.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Лука Дончиќ броеше до 27, а покрај тоа имаше шест асистенции и шест скока.

Во дербито на вечерта Лејкерси славеа против Денвер со 114:93. Леброн оствари учинок од 27 поени и 10 скокови и асистенции, додека Денис Шрудер стигна до 21, Мареј кај гостите постигна 20 поени, Морис, 16, Грин 13, а Никола Јокиќ застана на 13 поени и додаде 10 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Атланта – Јута 91:112, Далас – Голден Стејт 116:147, Филаделфија – Портланд 105:121, Мемфис – Хјустон 103:115, Лејкерси – Денвер 114:93.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…