После пет години поминати во црвено-црниот дрес, Андреа Лекиќ од следната сезона се сели во Романија, во екипата на ЦСМ Букурешт. Андреа денес беше претставена од новиот клуб, со кој стави потпис на двегодишен договор. Со неа уште две актуелни ракометарки на Вардар, Цвијиќ и Радичевиќ, исто така потпишаа договор со шампионот на Романија. Сепак Лекиќ посакува пред да замине од Скопје да ја освои Лигата на Шампионите со Вардар, единствен трофеј кој и недостасува додека е во Вардар.

-Од следната сезона во нов дрес. ЦСМ Букурешт е клуб со одлични играчи и со амбиции да ја освои Лигата на Шампионите, а тоа се совпаѓаше со моите желби. Пред да заминам останува на најдобар можен начин да ја завршиме сезоната во Вардар и да направиме се, за трофејот од ЛШ да го донесеме во Скопје, истакна Лекиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…