Дома Фудбал Англија Легендите удрија по најскапиот фудбалер на денешницата!

Легендите удрија по најскапиот фудбалер на денешницата!

„Кога ќе доведете играч од 105 милиони евра, не очекувате во тимот да имате проблем од 105 милиони евра“, коментира легендарниот Франк Лампард за играта на Пол Погба.

Погба, најскапиот фудбалер во историјата сеуште не ги оправда парите кои за него ги издвои Манчестер Јунајтед. Славниот клуб со Погба и Ибрахимовиќ е на шестото место во Премиер лигата.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Од така платен играч очекувате да игра подобро. Јас лично од него очекував многу повеќе. Па еден Мата направи многу повеќе од Погба оваа сезона. Ние сеуште не знаеме која е неговата најдобра позиција, каков е играч и каков играч сака да стане во иднина“, изјави Лампард за Погба кој оваа сезона постигна 4 гола и запиша 3 асистенции на 25 настапи.

„Млад е, но во овој момент тој не е играч кој може да одлучи натпревар. Кога Суарез, Роналдо или Меси ќе го платите 100 милиони знаете дека ќе ви донесат 40-50 гола и десетици победи. Погба? Побрз и посилен од останатите играчи за врска, добар е со топката во нозе, но мислам дека сеуште не е готов производ“, заклучи Лампард.

Џејми Карагер, уште еден легендарен англиски фудбалер е шокиран од пристапот на Погба и играта во фаза на одбрана.

„Ништо не се промени од оној натпревар кога неговата игра ја нареков најнеодговорна на сите времиња. А помина половина година… Не е ни блиску доволно дисциплиниран да игра таква улога во средината на теренот. Требаше да го загубат финалето во Лига купот, а штом ќе налетаат на некој посилен тим ќе загубат, а Погба ќе биде една од причините“, смета Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчини не е повеќе селектор на Саудиска Арабија

Роберто Манчини и Саудиска Арабија се разделија по само нешто повеќе од една година сорабо…