Иако мина повеќе од еден месец од контроверзниот четвртфинален реванш помеѓу Реал и Баерн, каде Виктор Касаи со својата лоша арбитража влијаеше врз конечниот победник, во Минхен сè уште се лути на начинот на кој беа елиминирани.
Реал потоа преку градскиот ривал избори финале, каде за противник ќе го има Јувентус, а претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, во пресрет на големото финале, повторно се присети на несреќната ноќ во Мадрид и судијата Касаи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во Кардиф ќе мора да одам поради службени обврски, но финалето не сакам да го гледам. Преку некои работи не можам да преминам. Она што се случи сè уште боли. Во Мадрид дојдовме во топ форма. Победивме во Дортмунд 4-1 и иако ни се повредија Левандовски и Хумелс, имавме големи шанси“, изјави Румениге и додаде:
„Она што го направи судијата Кашаи го немам видено 40 години. Баерн е измамен, а таа ноќ имаше пет кардинални судиски грешки на штета на Баерн, а во корист на Реал“.