Дома Фудбал Останато Каспер Шмајхел нема дилеми: Модриќ треба да ја освои „Златната топка“

Каспер Шмајхел нема дилеми: Модриќ треба да ја освои „Златната топка“

После светското првенство, Лука Модриќ изби во прв план и сега е главен фаворит за освојувањето на Златната топка.

Според анкетите во Шпанија, Модриќ имаше убедлива предност пред Салах и Роналдо, а дека Модриќ би требало да ја освои наградата за најдобар играч смета и легендарниот голман на Данска и Манчестер Јунајтед, Каспер Шмајхел.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Се надевам дека Лука Модриќ ќе победи, бидејќи она што го направи на Светското првенство е нешто посебно. Исто така, не смееме да ги заборавиме и неговите настапи за Реал Мадрид со кој ја освои Лигата на шампионите. Тој не постигнува голови како Роналдо или слични фудбалери, но тој на сите им креира шанси да погодат“, изјави Шмајхел.

Оваа година Модриќ веќе беше прогласен за најдобар играч во Европа од страна на УЕФА, а претходно ја доби и наградата за најдобар играч на Светското првенство во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Никој како премиерлигашите: Потрошиле најмногу до сега!

Со трансферот на Ноа Окафор од Милан во Лидс за 18 милиони фунти, ова лето англиските клуб…