Дома Фудбал Останато Легендата на Манчестер Сити си оди во пензија

Легендата на Манчестер Сити си оди во пензија

Пабло Забалета ја игра својата последна сезона во професионалната кариера.

Тој одлучи да се пензионира по 16 години во професионалниот фудбал на крајот од тековната сезона, пренесуваат шпанските медиуми. Аргентинецот ја одработува последната година од договорот со Вест Хем, но и покрај понуда од Блискиот Исток, Забалета одлучи следната година да ги стави копачките на клин.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


По завршувањето на сезоната ќе се врати во Барселона, каде што настапуваше за Еспањол и од каде што е неговата сопруга. Кариерата ја започна во Сан Лоренцо во 2002. година, три години подоцна се пресели во редовите на Еспањол, за во 2008. година да потпише за Манчестер Сити, чиј дрес го носеше во следните девет години. Во изминатата година се пресели во Вест Хем.

Со Манчестер Сити освои две Премиер лиги и по еден Лига Куп и ФА Куп, а за репрезентацијата на Аргентина запиша 68 настапи. Како што сега стојат работите тој по завршуањето на кариерата ќе се посвети на тренерската работа, веќе има Б лиценца, а не ја отпиша можноста еден ден да го предводи и својот Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…