Мохамед Салах е пред заминување од Ливерпул, летово влегува во последните 12 месеци од договорот и не е исклучено да продолжи во Саудиска Арабија.
Според пишувањата на Островот од ден во ден се намалуваат шансите Салах да остане во Ливерпул, а еден од легендарните фудбалери на Ливерпул, Марк Лоренсон, истакна дека постои играч кој би можел да го замени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој го именуваше фудбалерот на Вест Хем, Џерод Бовен.
„Тој може да игра на сите позиции во нападот, на сите три, постигнува голови и работи навистина напорно. Нема да го добиете новиот Мохамед Салах сигурно, меѓутоа ќе добиете нешто ново во тимот., рече Лоренсон.
Лоренсон верува дека Ливерпул летово паметно ќе ги троши парите.
„Можеби е најдобро што приоритет е стопер, но се ќе зависи од тоа колку пари ќе има Ливерпул. Можеби замена за Салах не е ни потребна“, додаде Лоренсон.