Дома Фудбал Останато Легендата на Звезда за Просинечки: Дојдоа луѓе од Реал Мадрид, а тој пред нив запали цигара

Легендата на Звезда за Просинечки: Дојдоа луѓе од Реал Мадрид, а тој пред нив запали цигара

Легендата на Црвена Звезда, Рефик Шабанаџовиќ во интервју за српски „Телеграф“ се потсети на златните времиња на српскиот клуб, но и Роберт Просинечки.

За Шабанаџовиќ најголема Звезда на тој тим бил Роберт Просинечки кој според неговите зборови надвор од теренот бил и многу несериозен.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Звезда беше број 1 според популарноста, играта, квалитетите…Беше магнет за сите, сите сакаа да се дружат со фудбалерите“, зборува Шабанаџовиќ кој потоа го издвои Просинечки.

„Роберт Просинечки беше поим, но гледам дека денес како тренер е многу посериозен. Многу работи и поинаков е. Бев во негово друштво кога дојда луѓе од Реал Мадрид, а тој запали цигара пред нив. Пушеше по две-три кутии дневно, како играч не беше вистински професионалец“.

Сепак, изгледа тоа не му пречеше на Реал со оглед на тоа дека го доведе Просинечки во 1991 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Стигнаа и првите критики за Модриќ во Милан: Го одигра најлошиот натпревар!

Вчеравечер својата 9-та рунда во Серија А ја одиграа Аталанта и Милан, а натпреварот заврш…