Спортските медиуми ширум светот овие денови на големо пишуваат за враќањето на Нејмар во Барселона.
Мислењета кај навивачите се поделени, дел би прифатиле Нејмар да се врати, а други пак го осудуваат и не сакаат повторно да го гледаат во дресот на Каталонците.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Помеѓу овие вторите е и легендарниот крилен напаѓач Франсиско Хозе Караско. Овој играч помина дури 11 сезони како играч на Барселона во периодот помеѓу 1978 и 1989 година. Караско кој е повеќе познат како Лобо дресот на Барселона го носеше на 250 натпревари и со овој клуб освои 10 трофеи.
Лобо е категоричен и смета дека Нејмар не треба да биде вратен.
„Од она што го гледам и слушам мислам дека Валверде нема да дозволи доаѓање на Нејмар и да се откаже од Дембеле. Нејмар е одличен фудбалер и во тоа нема сомневање, меѓутоа јас се сомневам во неговата интелегенција. Тој не е интелегентен фудбалер. Јас не би му простил ниту да дојде клечејќи. Нејмар не покажа посветеност пред две години“, изјави легендарниот Лобо.