Стефан Ефенберг верува дека Баерн Минхен би требало да се откаже од доведувањето на Кутињо и место него да го врати Манџукиќ во тимот, пишува „Гоал“.
Германскиот шампион веќе некое време преговара со најскапиот играч во историјата на Барселона, а Ефенберг смета дека неговото доведување би било преголем ризик.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кутињо е одличен, но со него Баерн премногу би ризикувал. На Баерн му е потребен играч кој веднаш ќе му помогне и ќе направи разлика, а за тоа постои еден подобар избор од Кутињо. Манџукиќ апсолутно би бил топ трансфер. Тој може да му помогне на Баерн да се врати онаму каде што припаѓа – на врвот на Европа“, изјави Ефенберг.
Баерн со Јувентус преговара за опција да го позајми Манџукиќ за потоа во 2020 да го откупи неговиот договор, ќе видиме дали до крајот на преодниот рок оваа зделка ќе се реализира.