Дома Фудбал Останато Легендата на Арсенал: Сакам да го видам Мбапе во тандем со Салах – тоа би било експлозија!

Легендата на Арсенал: Сакам да го видам Мбапе во тандем со Салах – тоа би било експлозија!

На крајот од сезоната се очекува Килијан Мбапе да го напушти Пари Сен Жермен и засега се освен негов трансфер во Реал Мадрид кој на големо се најавува би било изненадување.

Сепак, легендарниот Роберт Пирес има нова идеја и би сакал да го види во дресот на Ливерпул. Според Пирес, Салах би бил одличен во тандем со Мохамед Салах.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Моја желба е да го видам Мбапе во Ливерпул. Тој е одличен клуб со добра структура без тензии и лојални навивачи. Но, најважно од се мислам дека тандемот Мбапе – Салах би бил вистинска експлозија“, изјави Пирес.

Сезонава Мбапе во дресот на ПСЖ постигна 38 гола и додаде осум асистенции на 38 натпревари. Неговиот договор завршува на крајот од сезоната. Најдобрите денови од кариерата Пирес ги помина во Арсенал каде што играше од 2000 до 2006 година, а го носеше дресот уште на Мец, Марсеј, Виљареал, Астон Вила и ФК Гоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок во Саудиска Арабија поради Роналдо, обвинувања има од сите страни!

Неколку играчи на Ал Ахли изразија негодување преку социјалните мрежи против одлуките на с…