Прашањето е интересно и на место, но во овој момент сите околу клубот вината ја префрлуваат на Арсен Венгер. Играчите на Арсенал повеќе не му веруваат на Венгер и неговите методи…
Оваа сезона дефинитивно работите во соблекувалната не се како што треба и како што на почетокот замислуваше францускиот стратег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двата порази од 3:0 од Манчестер Сити се болни, но на навивачите на Арсенал не им се сега отворени очите, јасно е дека нешто не е во ред во Лондон, но кој е виновен поради тоа?
Клупската легенда Јан Рајт неодамна тврдеше дека поединци со намера пропуштале тренинзи, а сега тврди дека свесно му „забиваат нож во грбот“ на Венгер.
„Ситуацијата е тешка, но не ме изненадува веќе долги години тука се играчи кои не можат да се борат за себе, клубот и менаџерот. Менаџерот имаше голема доверба во поголем дел играчи, но многумина од нив го пуштаат во сопствена смрт. Не е тој виновен, тука се оние кои го уништуваат. Знаат колку е добар и во тој негов стил забележаа слабост, па сега нема никакви последици за лошите настапи“.
„Ние сме голем фудбалски клуб иако сега сме во криза верувам дека работите ќе се свртат во наша корист“, изјави Јан Рајт.